Подарок Mercedes за играчите на Лестер

Сопственикот на Лестер и на компанијата „King Power“, тајландскиот бизнисмен Вишај Шриваданапрабха, за освоената титула во Премиерлигата, секој фудбалер го награди со нов автомобил.

Image (5)

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерите на Лестер од сопственикот добиле „Mercedes B-Class Electric Drive“, чија вредност изнесува 32.670 фунти.

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, во ростерот има 30 фудбалери, што значи дека богатиот тајландски бизнисмен за овој подарок издвоил милион фунти.

Исто така. Шриваданапрабха претходно на фудбалерите им ветил дека по завршувањето на сезоната ќе им ги плати трошоците за историскиот успех да го прослават во Лас Вегас.

макфакс