Меси извиси: Роналдо, Бејл и Гризман во трка за најдобар фудбалер на Европа

Аргентинецот Лионел Меси првпат по подолго време не е номиниран меѓу тројцата најдобри фудбалери во Европа. Во најтесниот избор на УЕФА за сезоната 2015/16 влегоа Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Антоан Гризман.

bejl-ronaldo-grizman-615x400

Португалецот Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а со својата репрезентација стана и европски првак на ЕВРО 2016,  Герет Бејл, исто така е европски клупски првак со „кралскиот клуб“, а со Велс стигна до полуфинале на Европското првенство, а Французинот Антоан Гризман имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид, а беше и најдобар стрелец и најдобар играч на ЕВРО 2016.

Интересно е дека и Луис Суарез го ’победи’ Меси во овој избор и се пласира на четвртата позиција според гласовите, додека меѓу десетмината место најдоа и Џанлуиџи Буфон, Тони Крос, Томас Милер, Мануел Нојер и Пепе.

Победникот ќе биде објавен на 25 август, кога во Нион ќе се одржи и ждребот за групите во Лигата на шампионите.

преземено од ekipa.mk