Демонстрантите порачаа – оставка на Иванов, нема избори на 5 јуни и експертска влада

Под слоганот „Нема правда,нема мир“, неколку илјади граѓани во понеделник вечер го искажаа револтот од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите од власта.

Image
Протестот започна пред СЈО, каде што демонстрантите му дадоа поддршка на ова Обвинителство во понатамошното расчистување на криминалните дејства на политичарите од власта.

Потоа се упатија кон Собранието на Македонија, на плоштадот Македонија, како и пред Министерството за култура, каде што фрлаа со јајца и боја врз објектот.

Потоа протестот се пресели пред Владата, каде што уште еднаш беа повторени барањата за оставка на Иванов, пролонгирање на изборите додека не се овозможат нормални и фер услови, како и формирање на експертска влада.