Дневен хороскоп – 04.04.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Мирен ден кој не одговара за активна работа. Подобро денес да си направите распоред и да се посветите на лични работи и да посветите внимание на вашето здравје. Вашиот партнер се чувствува запоставено од вашите работни задачи, денес завршете порано и посветете му се.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некаква врска ќе се уништи или ќе одлучите дека е бесцелна. Не мислете премногу на тоа. Ако мислите дека е вистински момент да ја раскинете оваа врска, направете го тоа и посветете и се на работата, бидејќи во последно време доцните со извршувањето на задачите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Напорен ден, полн со неизвесност и очекување. Во најголем степен работите ќе зависат од вас и вашата вештина да чекате и да не избрзувате. Најмногу ќе ви наштетат нервните испади, затоа бидете претпазливи.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако сте самоиницијативни подобро ќе се снајдете и ќе успеете да ги завршите сите ваши дневни обврски без напор. Ако пак ја истакнете вашата мрзеливост ќе треба да ги извршувате по повеке пати работите, а тоа може да биде фустрирачко.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате потреба од духовна забава и од вас зависи дали ќе ја организрате. Посета на кино, театар, концерт… ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе го растовари вашиот стрес. Размислете за ова прашање.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако финансиската состојба ви дозволува, организирајте си некое патување. Ако ја немате таа можност, искористете го денот да ги осознаете новите информации и да ги поврзете со старите се со цел да ги решите вашите денешни задачи.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе се справите со многу задачи. Пред ручек ќе бидете многу поактивни, но со текот на денот ќе се зголемува вашиот замор. Направате си планови за вечерва, но не претерувајте со храната и пијалоци.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имунолошкиот систем ви е слаб. Ако неодамна сте имале здравствени проблеми голема е веројатноста пак да ви се појават. Избегнувајте контакт со непознати, и внимавајте на вашето здравје.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не сте во состојба да ги формулирате вашите цели и желби јасно. Зборувате многу, но не кажувате ништо и тоа ги одбива вашите соговорници. Подобро намалете ги контактите и посветете се на поважни задачи.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можеби ќе реализирате кратко патување. Ако осетите дека сте истоштени или не сте во состојба да се концентрирате кон извршување на вашите задачи најдобро е да ги одложите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Енергијата ви е на високо ниво, но премногу сте напрегнати. Најдобро е да бидете сами  и да ги намалите контактите бидејки буквално сте премногу емотивни и тоа дополнително ви создава бескопкојство.