Дневен хороскоп – 21.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир.  Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашето претпладне е исполнето со контакти, додека попладнето може да ви наложи да имате кратко патување. Ве очекува многу работа, која ќе бара ваше целосно внимание и посветеност. Бидете подготвени да ги исполоните работните обврски.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Тимската работа ќе биде многу успешна и врските со луѓето околу вас – многу корисни. Вечерта ќе ви биде исполнета со романтика и емоции. Покажете ги вашите вистински чувства. Не им замерувајте на кавгаџиите, бидете среќни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Случките од минатото ќе преовладуваат и во вашата сегашност. Во ред ли е да мислите на минатото кога можете да започнете нешто сосема ново? Споделете емоции, денес сите околу вас ќе бидат делумно обесхрабрени но вашето присуство може да ги охрабри.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе ве поканат да учествувате на некое интересно случување. Може да биде поврзано со телевизиско предавање или друг јавен настан. Вечерта најверојатно ќе завршите во тивко друштво, каде вие ќе бидете центар на вниаманието. Забавувајте се.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува доста напорен ден, исполнет со позитивни но и негативни емоции и тоа во нивните крајности. Слушајте го вашиот разум а не вашата интуиција. Сомнежите кон некоја личност ќе се покажат како резултат на вашето однесување.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Мирен и спокоен ден, без премногу средби и телефонски разговори, во облик на состојбата која многу ја нарекуваат затишје пред бура. Искористете го овој ден да ги прегледате вашите претходни проекти, задачи и обврски поврзани со работата со цел да ги најдете и најситните пропусти. Ќе биде лесно.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Голем дел од вашите проблеми ќе се решат уште во утринските часови но како резултат на тоа вие ќе бидете исцрпени. Оваа состојба ќе влијае лошо на вашето расположени и може да охрабри негативно расположение кое вие не треба да ги дозволите. За да го спречите тоа, исполенете го вашето време со работи кои вас ве прават среќни.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Зачувајте го вашето добро расположение и бидете насмеани. Денес ве очекуваат добри финансиски понуди кои ќе ви овозможат остварување над дел од вашите желби и потреби. Изнесените понуди приватете ги но со одреден степен на претпазливост.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Финансиските прашања ќе се решат благовремено, особено ако не сте премногу критични кон пропустите од другите луѓе. На љубовно поле имате многу енергија , но тоа не означува дека треба да се впуштите во љубовни авантури.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Важни вести ќе ви бидат соопштени денес. Благодарение на овие вести ке можете да напреднете во вашата работа и да ги дознаете причите за некои претходни конфликтни ситуации. Воздржете се од пребрзи решенија бидејки сте премногу емотивни.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе морате да се справите со многу повеќе задачи од вообичаено. Едвај ќе ви остане време за размислување, затоа завршувајте ги работите како што се појавуваат. Бидете внимателни ако возите и внимавајте на здравјето.