Овен
Размислете дали имате доволно трпение и издржливост да го доведете планираното до крај. Исто така, дали сте ги зеле во предвид сите детали и можни компликации? Ако не сте сигурни, подобро откажете се.
Бик
Денешните настани се контрадикторни, па затоа внимавајте да не станете жртва на измами или на сопствените „надуени“ очекувања. Станува збор за нешто со посебно значење за вас. За некои најважно е патување.
Близнаци
Можете да направите голем чекор напред. И за личните, и за професионалните намери имате зелено светло. Се е во ваши раце, па ќе ви успее без проблем да го постигнете своето. Интимна радост.
Рак
Дојде време за размислување, а тоа е добро конечно да си разјасните какви точно се вашите цели. Нормално, и кои се начините и методите за нивно спроведување. Станува збор како за личниот, така и за деловниот живот.
Лав
Не ги преценувајте сопствените можности и не се впуштајте во ризични шпекулации. Од вас се бара трезна мисла, па да внимавате да не ве заведат премногу. И во работата и во приватниот живот држете умерена линија.
Девица
Напорен ден, исполнет со многу и најразлични вести, неочекувани проблеми и исто толку неочекувани шанси. Во сите случаи, најважно е да бидете смирени и да не дозволите да ве извадат од рамнотежа.
Вага
Бидете практични и далекувиди. Покажете дека не сте подготвени да се зафатите со ништо, што ги надминува вашите можности. И самите не си поставувајте неостварливи задачи. Занимавајте се само со вистински неодложни работи.
Скорпија
Има доста работи и од личен, и од службен карактер, кои го очекуваат своето решавање. Не станува збор за проблеми, а туку за детали кои ќе ве доведат до остварување, доколку правилно размислите. Некои од вас ќе тргнат итно на пат.
Стрелец
Не се обидувајте да менувате било што со сила. Времето за акција уште не е погодно, па внимателно следете се што се случува, за да си извадите соодветни заклучоци. Интимно разочарување.
Јарец
Бидете сигурни во себе. Ова ќе помогне да се добијат практични и реални резултати не само во работата, туку и во сето она што во моментов ве возбудува. Изгледите се најповолни, па смело напред. Љубовна среќа.
Водолија
Очекувате појаснување на ситуацијата. Нешто, благодарение на што ви се открива вистинското значење на она што се случува. Тоа значи дека сте стигнале до важен момент, па поради тоа бидете внимателни со сè.
Риби
Не правете избрзани чекори за да не станете жртва на приливот од емоции. Пред сè размислете за ситуацијата и критички приближувајте се кон своите дела, одделете го можното од невозможното. Не е време за иницијативи.