Дневен хороскоп – 04.01.2016

zodiac-signs02

Овен 

Прилично сте тврдоглави и не сакате да попуштите на барањата на еден Рак, Шкорпија или Јарец. Уверени сте дека ќе успеете да убедите некоја личност која ви е драга дека треба да го превземе вашиот став за некои важни прашања.

Бик 

Ќе имате можност да се сретнете со некој кој многу ви значи. Ако се работи за личност со која сте во пријателска врска, а таа личност често патува или работи за странска компанија, тоа ќе биде изненадувачки пријатно искуство.

Близнаци 

Ова би можело да биде возбудлив ден за оние кои се занимаваат со уметност, медицина или работат со странци. Очекувате повик од личност која живее далеку. Можно е зголемување на трошоците но тоа најверојатно нема да ве загрижи бидејќи подолго време размислувате како да инвестирате пари или да исплатите некои долгови.

Рак 

Вашите конструктивни предлози не предизвикуваат возбуда кај вашиот партнер, особено ако имавте намера некаде заедно да патувате или да се вклучите во проект за кој тој не е сигурен дали е заинтересиран или не. Дајте му време да сфати што сака и не вршете притисок врз него преку членовите на семејството.

Лав 

Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.

Девица 

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните Девици можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.

Вага 

Напорен ден за оние Ваги чиј партнер постојано приговара дека тие премногу се окупирани со кариерата. На вас во моментов најважана ви е вашата материјална безбедност и веројатно ќе се потрудите за партнерот да направите некоја отстапка, но тоа нема да биде ништо повеќе од она што секојдневно го правите за него.

Скорпија 

Ова е еден од подобрите денови, посебно за оние комуникативните и чувствителните Шкорпии кои по секоја цена сакаат да му покажат на партнерот колку им значи тој да биде среќен. Нема да ја покажете својата страственост целосно туку ќе примените класичен начин на заведување.

Стрелец 

Ќе се обидете да најдете заеднички јазик со некој кој ви е многу важен, можно да се работи за личност која ја познавате од работа. Ако имате прилика да се сретнете со некој Рак со кој не сте во најдобри односи, не му замерувајте, бидејќи тој ќе биде видно вознемирен.

Јарец 

Добро ќе се чувствувате во друштво на некој Рак или Шкорпија кои добро ве познаваат и кои се свесни колку им значите. Подготвени сте да направите многу за личноста која ви е драга, особено ако се работи за некој кој има слична професија со вашата или е изразено амбициозен. Ако сте слободни, еден Бик или Стрелец ќе се обиде да го привлече вашето внимание.

Водолија 

Денот е како создаден за тајна љубов. Ќе бидете подготвени кога љубовта е во прашање и доколку имате тајна симпатија ќе најдете време да се сретнете со неа. Оние кои се подолг период во врска или во брак ќе имаат впечаток дека претерано се жртвуваат за партнерот или дека во се им попуштаат.

Риби 

Ќе добиете повик од некој Бик, Рак или Шкорпија да се сретнете негде на некој поголем формален собир. Некој се грижи да ја освои вашата доверба, можно да е личност повозрасна од вас. Ако планирате заеднички живот со партнерот, многумина ќе се противат на вашата одлука, особено ако сте многу млади.