Дневен хороскоп – 24.06.2016

Twelve Horoscope Zodiac Star signs

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе се препознае вашиот работлив и вреден дух и ќе направите одлични чекори на деловен план денес. Се повеќе ја гледате љубомората на партнерот, а тоа не е она најлошото што ве очекува. Може да бидете жртва на нечија приказна и да се чувствувате многу лошо за овој трач. Проблеми со стомакот

Бик (21.04 – 21.05)

Гледате дека ви стојат на располагање многу колеги кои сте ги сметале за непријатели. Ќе ги исправите грешките кои свесно сте ги направиле. Обидете се да ја подобрите емотивната состојба, но сега засега сметате дека е подобро се да остане на флерт. Внимавајте можна е појава на забоболка.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не е лошо да се консултирате со надредениот за следниот чекор кој го планирате, подобро е некој план да го донесете заедно. Не морате да се одрекувате од плановите во љубовта. Партнерот ги забележува вашите немарности во бракот или врската. Бидете активни во некој воден спорт.

Рак (22.06 – 22.07)

Не се нервирајте доколку некој ви должи пари, водете сметка за комуникацијата со тоа лице во наредниот период. Морате да се соочите со фактот дека работите малку се искомплицираа на љубовен план, и дека така ќе продолжи во наредниот период. Стомачни проблеми.

Лав (23.07 – 22.08)

Морате да се навикнете на работа во наредниот период. Не очајувајте доколку не ги добиете парите во целина. Нема да заборавите на интимните моменти кои ќе имате прилика да ги проживеете. Намалете со јаглените хидрати

Девица (23.08 – 22.09)

Нема што да изгубите доколку се одлучите да ја проширите работата со која моментално се занимавате. Личноста која е со вас е некој кој има авторитет и не се плаши од нови предизвици. Еден Стрелец би можел да биде одличен избор. Пијте повеќе вода.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе донесете доста скромни одлуки како за почеток, кои подоцна ќе ви станат добра рутина. Имате силен мотив да успеете на работа. Доколку сте во брак може да очекувате тајна љубовна врска и добро да се забавувате. Не ја пропуштајте шансата повеќе да се дружите. Проблеми со уринарниот тракт

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребен ви е совет од личност која добро ја познавате и која е долго во работата со која вие се занимавате. По природа сте многу конзервативни што нема толку лесно да влезете во врска без претходно добро одбран партнер по ваши стандарди. Стомачни проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Морате да се вклопите во ситуацијата која вам ви се поставува како примарна. Може да очекувате папиролошки проблеми. Благодарни сте на големата поддршка од партнерот, која ја очекувате и во текот на наредниот период. Не заборавајте колку се важни интимните моменти со партнеот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете лидер кој ќе има јак став, кој е изграден на основа на досегашната работа. Се уште ве привлекуваат слободните лица, кои многу повеќе ви се во глава од обично. Доколку тоа е една Скорпија, во тој случај ви претстои една многу тешка ситуација,бидејќи со ваква личност нема компромис.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата работна страна е малку лоша овој месец. Има што да понудите но од вас се очекуваат сосема нови трендови. Не ги отежнувајте работите, не гледате дека на партнерот му правите проблем со вашето однесување, секој пат кога станува збор за пропуштените прилики кои требало да се случат на време.

Риби (20.02 – 20.03)

Од вас се очекува многу поголем спремност за справување со новите предизвици. Слободните може повторно да се заљубат во старата љубов, дури и во некој свој ментор. ВИ следува пријатно попладне. Можна несоница.