Дневен хороскоп (31.10.2016)

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Единствената опасност која ви се заканува за овој ден е брзоплетост и површност. Никаде не ве фаќа место. Токму сега ќе се двоумите дали да прифатите некоја друга работа или да одбиете. Најважно од сѐ е да се обидете да ги разберете и другите, нивните постапки и желби. Токму за ова ќе ви помогне еден искрен разговор на пошироки теми во друштво на искрена личност.

Бик (21.04 – 21.05)

Сега е момент нешто да научите но истото и да го практикувате. Доколку наидете на проблеми немојте да ја комплицирате ситуацијата. Бидете конкретни и кратки. Некоја личност постојано ќе се обидува да ја уништи вашата врска. Здравјето е добро.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во постапките на работа немојте да се трудите да ги наметнувате вашите идеи и онака ќе најдат примена. Доколку одите тврдоглаво нема да поминете само со пристојни предупредувања. За слободните Близнаци постои голема шанса да ја најдат личноста од соништата. Бидете средени, шармантни и привлечни.

Рак (22.06 – 22.07)

Сега ќе бидете во фаза на работни успеси, па така оние помалите проблеми и промашувања едноставно ќе бидат веќе зад вас како ваше минато на кое се разбира воопшто нема ни да помислувате. Колку и да ви е напорно, подобро ќе биде да прошетате во природа отколку да ја стимулирате енергијата со храна.

Лав (23.07 – 22.08)

На љубовен план ве очекува позитивен развој на настаните. По природа сте ненаметливи но кога љубовта е во прашање тогаш сте вистински Казанова.  Ве очекуваат многу страсти со нова личност во знакот на овен, лав или стрелец. Изборот е ваш

Девица (23.08 – 22.09)

Бидејќи во вас ќе има поголема напнатост и недоразбирање со работната околина, препорачливо би било да ги избегнувате сите неопходни контакти со истата. Конечно имате разбирања со партнерот. Сега е потребно само помалку да зборувате повеќе да работите на полето љубов и секс па се ќе биде како од бајките.

Вага (23.09 – 22.10)

Малку сте разочарани  од новото работно место но не избрзувајте ,се уште е рано. Почнувате да се интересирате за странски јазици па постои можност да се запишете и на некој курс. Финансиската ситуација во моментот е добра.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој колега во знакот на Овен од вашата работна околина ќе се обиде да ви наметне темпо кое нема да го интересира дали можете да го постигнете или не. Како и да е, обидете се да најдете заеднички јазик по цена и да треба да попуштите, па впрочем некој мора и тоа  да го стори.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Најверојатно заради намалениот број на соработници, за што се виновни вашите претпоставени, ќе имате малку повеќе работа , но сепак ќе бидете задоволно изморени. Искористете ги овие можности и направете ја својата позиција постабилна, но при тоа немојте да си замислите дека вие сте најспособни.

Јарец (22.12 – 20.01)

Пред вас се значајни финансиски трансакции кои сигурно ќе ја подобрат ситуацијата. Емоционално ќе бидете задоволни. Нема да можете да ги контролирате своите, во моментов надојдени страсти. Ваквата ситуација ќе ве зачудува вас, но и околината.

Водолија (21.01 – 19.02)

Онаа празнина во љубовта која ја чувствувате до скоро сега веќе нема да ја има. Оние со постојан партнер во пријатна атмосфера ќе го дефинираат годишниот одмор. Слободните припадници ќе заминат на одмор со својата симпатија каде ќе се случат многу нешта.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес дозволете си да се разгалите. Дозволете си масажа или пак сауна, тоа одлично ќе ви ја надополни енергијата и ќе ја направи вашата кожа блескава и здрава. Во вечерните часови препуштете се на магијата на читањето книга.