Дознајте дали ве сака и без да ги употребува магичните зборови

Те сакам – тоа се два збора околу кои се црти целиот свет. Некои можат да го изговорат лесно и без проблем, а некои пак, овие 7 букви не можат да ги изговорат ни по година дена сериозна врска.

ljubov_vrska

 

Таков е случајот и со поголемиот број на мажи, па добро е да посветите посебно внимание дали својата љубов кон вас ја покажува со дела.

Како можете да препознаете?

1. Мажите се познати по тоа што не се врзуваат лесно и обично се преплашени со плановите за заедничката иднина. Не очекувајте од него да разговара со вас за деца или било какви други семејни планови, но ако купил карти за вас двајца за концерт кој ќе се одржува за два месеци, тоа е добар знак.

2. Истото важи и кога без прашање во клуб или бар ќе ви го донесе пијалакот кој сте планирале да го нарачате.

3. Пробува да ве развесели тогаш кога сте прилично нервозни.

4. Вредноста и големината на љубовта не се одредува по цената на подарокот кој сте го добиле од него.

5. Вниманието му е насочено кон вас и не постои предмет кој ќе му го одзеде фокусот – дури и телефонот.

6. Ви подготвува вечера иако не знае да готви.

7. Пробува да го следи вашиот поглед за да биде сигурен дека ја слушате неговата приказна, бидејќи сака да ја сподели со вас.

8. Со едноставна порака сака да започне разговор дури и за најглупавата работа на светот, но чувствува потреба да го слушне вашиот глас.

9. Го интересира вашиот живот надвор од врската, па постојано ве распрашува за работата, пријателките…

10. Разговара за неговите пријатели и семејството, бидејќи сака да знаете нешто за нив пред да ги запознаете.

11. Истите кога ги запознавате се благонаклонети, бидејќи слушнале само убави зборови за вас.

12. Се сеќава на малите работи.