Што мажите сакаат во врската?

Денешните мажи се по малку збунети. Често не е јасна улогата на мажите и жените во денешните друштва. Жените се образуваат, градат кариера, се помалку зависат од мажите како глава на фамилијата. Често пати и тие се збунети и не знаат како да се однесуваат со мажите.

ljubov_vrska_par

Што тие бараат од девојката кога се во врска?

1. Љубовница

Една работа не се променила – а, тоа е, желбата за секс. Составен дел на секоја љубовна врска е сексот – за поголемиот број мажи. И заради тоа нивната девојка мора да биде љубовница, спремна за акција во креветот и надвор од него.

2. Партнер од доверба

Мажите во својата партнерка бараат личност на која ќе можат да и се доверат и да најдат емотивна потпора. Тоа се однесува и да можат да и веруваат без да ја проверуваат.

3. Пријателство

Девојката воедно треба да биде и негов добар пријател. Можете да се дружите без тоа да се сведе на секс и бакнување. Станете дел од неговото друштво. Излегувајте заедно и забавувајте се.

4. Домаќинка

Ова е повеќе поврзано со девојка која ќе знае да направи да се чувствува убаво кога ќе и дојде на гости. Таа се грижи за другите и знае да изненади со добро подготвен појадок.

5. Хемија

За една ноќ доволна е мала физичка привлечност, но за врска, мора да постои хемија. Таа е врзана за страста.