Евакуиран аеродромот во Тулуз поради сомнителен пакет

Аеродромот „Блањак“ во Тулуз, Франција, во среда наутро беше евакуиран, поради безбедносно предупредување, најверојатно поради пронајден сомнителен пакет.

Image

Ова се случува еден ден по нападите во Белгија, кога експлодираа две бомби на аеродромот и една во метрото, а се тоа додека во Франција е подигнато нивото на узбуна.

Околу 7 часот утрово, патниците биле собрани во халите за заминување, каде биле известени да ја напуштат зградата поради нивна сигурност.

Биле присилени да се соберат надвор од терминалот додека чекале да се расчисти ситуацијата.

Причината за узбуната најверојатно е сомнителен пакет. Портпаролот на аеродромот за The Local вели дека узбуната е прекината, а патниците се вратиле во 8.20 часот.

Сепак, летовите се повторно воспоставени, но патниците треба да очекуваат дека ќе доцнат.

Белгиските истражители во вторник објавија дека напаѓачите во Брисел ги криеле бомбите во куферите.

Франција го подигна нивото на узбуна по вчерашните бриселски напади и ангажира дополнителни 1.600 полицајци најмногу на аеродромите и на транспортните центри.

По нападите во Брисел, аеродромот „Gare du Nord“ во Париз бил два пати евакуиран, поради сомнителен пакет, но и двата пати се покажал лажен аларм.