Европратениците на средби со Јанева и членовите на ДИК

Европратеничката тројка Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан во вторник ја продолжува посетата на Македонија, за време на која досега остварија средби со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјава, а во вторник тие ќе се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева и членовите на ДИК.

Image (6)

Тројцата европратеници во земјава ја скенираат состојбата во поглед на имплементацијата на Договорот од Пржино, во чие потпишување летото минатата година имаа посредничка улога.

макфакс