Европскиот совет во вторник и среда расправа за Brexit

Во Брисел во вторник започнува дводневниот состанок на Европскиот совет, на која главна тема ќе биде резултатот од референдумот за членството на Велика Британија во Европската унија (ЕУ).

Image

Во писмото кое од страна на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск беше испратено до државите членки по повод самитот, се вели дека британскиот премиер Дејвид Макерон во вторник ќе ја претстави состојбаа во Британија по референдумот.

За среда, пак, е закажан неформалниот самит на 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, првпат во овој состав, а на кој ќе се расправа за политичките последици од британскиот референдум. „Како прво, ќе разговараме за ткн „процес на развод“ кој е опишан со членот 50 од Лисабонскиот договор. Како второ, ќе започнеме дискусија за иднината на ЕУ со 27 земји членки“, рекол Туск.

Во пресрет на Самитот, Туск оствари повеќе билатерални средби, вклучувајќи ги и оние со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин и францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз. Американскиот државен секретар Џон Кери, пак, во вторник ги посети Брисел и Лондон за да ја пренесе поддршката која доаѓа од САД.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пред два дена изјави дека одлуката на Камерон да се почека до октомври за Британија да побара излегување од ЕУ е „скандалозна“ и дека преку ова „целиот европски континент стана заложник на Британија“.