Продолжува посетата на Хајндл, средби со челниците на СДСМ, ДУИ и ДПА

Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл ја продолжува посетата на Македонија, при што во петок ќе оствари средби со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА – Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

 Image (10)

Хајндл во четвртокот оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. По средбата со Хајндл од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на Германецот му било пренесено дека партијата е посветена на изнаоѓање на брз излез од политичката криза.

„Интерес на државата и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кои ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство“, му порачал Груевски на Ханјдл, во разговорот посветен на актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

макфакс