Нов земјотрес во Скопје со јачина од 2,3 степени

Скопје, 12 септември, 2016 – 12:26 (META) 
zemjotres-11-50

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтерова скала претпладнево, во 11.50 часот, го погоди Скопскиот Регион.

Земјотресот бил на длабочина од 1 километар и се случил на 6 километри источно од Скопје.

До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.

По вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени, кој ги исплаши скопјани, отворен е посебен телефонски број 195, на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.

Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, АРМ и МВР, како и надлежните институции, се во состојба на зголемена готовност.