Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник донесоа одлука да ги укинат повеќето санкции за Белорусија, во знак на признание за демократскиот напредок иако сѐ уште владее загриженоста заради состојбите со човековите права, а одлуката веднаш ја поздрави официјален Минск.

Белорусија беше нарекувана последна диктатура во Европа, но односите со ЕУ и САД се затоплија откако Минск ги ослободи политичките затвореници и придонесе за договорот за Украина.
Брисел во октомври, по одржаните демократски избори, до 29 февруари ќе суспендира санкции за 170 белоруски државјани вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко, како и за три компании, а трајно ќе ги укине по истекот на санкциите кон крајот на месецот.
На сила уште останува ембаргото за оружје.
Белоруското Министерство за надворешни работи ја поздрави оваа одлука на ЕУ.
„Ова јасно покажува дека дијалогот е најефикасно орудие за решавање на споровите“, се вели во соопштението на Министерството.