Министерот за финансии Ставрески поднесе оставка

Поради здравствени причини Зоран Ставрески поднесе оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија.

Image (10)

„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија”, истакнува Зоран Ставрески во оставката.

Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.

„Ми беше задоволство да бидам дел од овој економски тим, кој со голем жар ентузијазам одготворност и посветеност работеше за Македонија и донесе резултати кои многу граѓани ги почувствуваа, тргнувајќи од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис климата, високи растови на економијата и извозот, носењето на многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики. Сето ова е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза“, пишува Ставрески.

Тој во оставката се заблагодарува за плодната и професионална соработка со претходниот претседател на Владата Никола Груевски во чиј владин тим беше девет години.

макфакс