Сончево и топло со мала до умерена облачност.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 22 степена.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени. Потоа ќе преовладува стабилно и релативно топло време, освен во сабота навечер кога ќе има услови за локален дожд.