Народната партија од десниот центар на поранешниот и сегашен привремен премиер Маријано Рахој победила на неделните повторени парламентарни избори во Шпанија, остварувајќи подобар резултат од пред шест месеци, но за формирање влада ќе мора да најде коалициски партнери што не го оствари по изборите во декември.

Изборите ги одбележа рекордно низок одѕив на избирачите кои во текот на годишните одмори, горештината и европското фудбалско првенство мораа да гласаат вторпат за шест месеци, бидејќи четирите водечки партии не можеа да постигнат договор за коалициска влада.
До18 часот на изборите излегле 51,22 отсто од гласачите, што е најслабиот одѕив од воведувањето на демократијата во земјата во 1978 година. Избирачките места се затворени во 20 часот, а конечните податоци за излезноста се очекуваат подоцна.
Народната партија (PP) освоила 32 отсто до гласовите, или 137 од 350-те мандати во парламентот, според податокот по обработените 98 отсто од избирачкиот материјал, а за формирање на владата мора да добие поддршка од 176 пратеници.
Конзервативците во декември освоија 123 пратеници и не ја добија поддршката од другите партии. Премиерот Рахој, кој на власт дојде во 2011 година во екот на економската криза, се чини дека одвлекол дел од гласачите на партиите од центарот Граѓани (Ciudadanos), кои се природен партнер на неговата Народна партија, и кои повторно се најдоа на четвртокот место, но овој пат со 32 пратеници, односно осум помалку отколку пред шест месеци.
Иако излезните анкети покажуваа дека втора партија станала коалицијата Обединете можеме,левата коалиција на новата партија Можеме (Podemos) и Обединетата левица, таа и натаму останува трета политичка сила во земјата со 71 мандат, исто колку и во декември.
Втора партија со освоени 23 отсто од гласовите е Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), односно 85 мандати, пет помалку отколку во декември.
Во понеделник веднаш ќе започнат преговорите на Народната партија со можните коалициски партнери, во прв ред со Граѓани,со кои ќе имаат 169 пратеници, осум помалку од потребниот број да биде изгласана нивната влада.