Одбележување на Денот на жената 8 март во Музејот на македонската борба

НУ Музејот на македонската борба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 8 март, со специјална програма под наслов Жената борец за слобода и македонска државност.

Image

Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија – Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова.

Програмата ќе ја збогатат специјалното учество на хорот и драмската секција на ООУ „Вера Циривири Трена“ од Скопје, музичките гости ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуио и визуелни уметности ЕСРА од Скопје. Специјални гостинки на Музејот на македонската борба ќе бидат офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи на во вторник со почеток во 12 часот, во конференциската
сала на Музејот на македонската борба.