Православните верници слават Водици

Православните верници денеска на 19 јануари го прославуваат големиот празник Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Image

 

Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

 

Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица).

 

Традиционално денеска во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Овој ритуал го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан.

 

Денеска во Македонија е неработен ден за верниците од православна вероисповест