Патнички воз удрил во одрон, нема повредени

Патнички воз којшто сообраќал на елација од Скопје кон Битола во саботата вечерта околу 22 часот удрил во одрон на пругата помеѓу железничко стојалиште село Теово и железничко стојалиште село Согле.

Image

Од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и истата е излезена од пругите.

Повредени патници и возен персонал нема. Од страна на полициски службеници патниците биле спроведени од местото на несреќата до село Согле од каде со автобус на МЖ биле пренесени до потребната дестинација.