ЕУ смета на помошта од Анкара и Атина во решавањето на мигрантската криза

Европската унија во Брисел во понеделникот ќе изврши притисок врз Турција за да ѝ помогне да ја запре мигрантската криза којашто во неделата доведе до нова трагедија во којашто 25 луѓе ги загубија животите во Егејското Море во обидот да дојдат до Грција и од таму да го продолжат патешествието до северот на Европа, а истовремено е подготвена да ѝ помогне на владата во Атина која до крајот на март очекува на нејзината територија да дојдат уште 100.000 мигранти.

Image
Челниците на 28-те земји членки на Европската унија ќе се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу во моментот кога доаѓањето на 1,25 милиони луѓе кои минатата година во нивните земји побарале азил, ја подели Унијата како никогаш досега.

Овој нов вонреден состанок на врвот, исто така, се одржува во атмосферата на повторените несогласувања меѓу ЕУ и Турција, долгогодишна кандидатка за членка на ЕУ, бидејќи од Брисел жестоко го критикуваат исмалско-кознервативниот претседател Реџеп Тајип Ердоган поради прогонот на медиумите кои се критички настроени кон него.

Давутоглу уште во неделата вечерта допатува во Брисел за да го „подготви самитот“ зад затворени врати со германската канцеларка Ангела Меркел. Пред заминувањето од Истанбул изјави дека Турција направила „важни чекори“ во почитувањето на својот дел од „акциониот план“ кој ланскиот ноември го потпиша со ЕУ за да ги запре илјадниците мигранти кои од турскиот брег одат кон грчките острови.

По неодамнешниот пат на Балканот, во Грција и во Турција, претседателот на Европскиот совет Доналд Тусск изјави дека е уверен дека го пронашол „европскиот консензус (…) за заедничката стратегија којашто, доколку биде добро спроведена, може да помогне во запирањето на приливот“.

Неговото решение е доследно да се применуваат правилата за слободно движење во Шенгенската зона, пропуштајќи во Грција само лица кои бараат политички азил. Тоа би требало да овозможи до крајот на 2016 година да се укинат граничните контроли кои еднострано ги воведоа некои земји од ЕУ, а потоа сите „економски мигранти“ да се протераат во Турција којашто ќе ги врати во нивните матични земји.

Анката, така, би морала да се обврзе дека од 1-ви јуни повторни ќе ги прима нерегулираните имигранти кои доаѓаат од грчките острови. „Приливот може да се намали со масовни и брзи враќања на сите мигранти на коишто им е одбиено барањето за азил“, сака да верува Тусик, оценува AFP.
ЕУ, исто така, сака Турција со помош на бродовите на НАТО во Егејското Море посилно да се справува со криумчарите на луѓе кои дејствуваат пред нејзиниот брег. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази во неделата задоволство поради проширување на поморската мисија на „територијалните води“ на Грција и на Турција, „во тесна соработка“ со тие две земји.

макфакс