Е-кожата го мери нивото на кислород во телото

Јапонските научници во студијата објавена во списанието Science Advances тврдат дека развиле ултратенка електронска кожа којашто може да го мери нивото на кислород во телото. 

Image
Целта на овој проект е да се развие кожа со чијашто помош во текот на операцијата би се следело нивото на кислородот во органите. Тестирањата на доброволци веќе потврдиле дека оваа кожа е веродостоен инструмент за мерење на концентрацијата на кислородот во крвта, тврдат научниците.

Уредот се состои од микроелектронски компоненти, кои на површината на телото светат со црвена, сина или зелена боја. Научниците од Токискиот универзитет сега работата на прикажување на бројки и букви на кожата, за различните потреби во медицинските зафати.

Преносната електроника претставува иднина на истражувањата во медицината и би можела да има широка примена, на пример кај паметните очила или контактните леќи кои би го мереле нивото на глукоза.

„Кога ќе се прицврсти на прстот, уредот без никакви нуспојави го мери нивото на кислород во крвта. Флексибилните органски оптички сензори би можеле директно да се прилепат на органите поради контрола на нивото на кислородот во крвта во текот на и по операцијата“, вели водачот на научниот тим Томојуки Јокота.