Женски vs. машки лаги и нивното значење

Не дека сите сме лажливци, но секој знае да каже по некоја лага. Ќе го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте спасувале животно на патот, а тој вас ќе ве излаже дека нема да добиете бонус поради финансиската криза…

couple-bench-628x363-TS-86497336

Повеќето од нас се „повремени“ лажливци, лажеме кога имаме потреба да се извадиме од некаква „каша“, да добиеме нешто, да се спасиме од непријатна ситуација и слично. Како и да е, најинтересни се лагите кои ги кажуваат мажите и жените кои се во брак, љубовна врска или во почетна фаза на заљубување и заведување.
Ајде малку да ги анализираме и двете страни. Не мора да значи дека следниве реченици секогаш кога се кажани се лага, но најчесто нивното значење е сосема поинакво.

Женски лаги:

  • Ништо не ми е, добро сум – Сите бродови ми се потонати, но не можам да ти објаснувам и онака нема да ме разбереш.
  • На попуст беше – Не беше на попуст, но навистина ми беше потребно.
  • Имам главоболка – Не ми се оди нигде, не ми се разговара, не сакам да имаме секс.
  • За 5 минути сум таму – За еден час со сигурност ќе бидам на договореното место.
  • Твоите пријатели се супер – Убаво ми е со тебе и не сакам да го уништам тоа што го имаме објаснувајќи ти зошто твојот пријател ми оди по нерви.
  • Се разбира дека немам ништо против вечерва да гледаш фудбал со другарите – И тоа како сум против, но ќе го чувам како бонус карта кога мене ќе ми треба нешто.
  • Не сум гладна – Не сакам да видиш како дрчно го јадам хамбургерот во оваа почетна фаза, во твоите очи сакам да бидам вистинска дама.
  • Го купив на распродажба – Всушност имаше редовна цена и ме чинеше цело богатство, но тоа беше навистина добра инвестиција… секако дека твојот машки мозок тоа не би го разбрал.
  • Не сум ти лута – Премногу сум ти лута, толку многу што ова има да ти го извадам низ нос при првата прилика што ќе ја имам.
  • Ова не ми е ново, го имам со години – Го купив вчера, но не можам повторно да ти се правдам зошто трошам толку пари.
  • Не знам каде е, не сум го ни допрела – Го преместив негде додека се трудев да ставам крај на твојата неуредност, но не знам ниту сакам да размислувам каде сум го ставила.
  • Извини, заборавив да ти се јавам – Здодевен си, олабави.
  • Не го слушнав телефонот – Не му обрнав внимание на телефонот кога ѕвонеше.
  • Те сакам – Убаво ми е со тебе, имам пеперутки во стомакот, со тебе го имам она што ми е потребно во моментов.

Машки лаги:

  • Не испив толку – Испив дупло повеќе отколку што тебе може да ти падне на памет.
  • Заглавив во сообраќајот – Имав поважна работа и не ми се брзаше.
  • Не, не си здебелена – Си накачила некое килце, но ако ти го кажам тоа ќе биде Трета светска војна и никогаш нема да сфатиш дека мене и така си ми убава.
  • Немав мрежа на телефонот – Не бев расположен да правам муабет со тебе.
  • Не можам да преноќам кај тебе, имам состанок рано наутро – Се плашам дека преноќувањето би нè одвело на ново ниво во нашата врска.
  • Многу си убава – Ме привлекуваш и сакам да имам секс со тебе.
  • Сакам да се средам – Смачено ми е постојано да бркам девојки за да имам секс, едноставно сакам да знам дека секогаш можам да го имам тоа со тебе.
  • Ќе ти се јавам – Ќе ти се јавам кога повторно ќе те посакувам.
  • Ти си вистинската за мене – Во овој период ти си ми на прво место.
  • Не сакам само секс, сакам да сум блиску до тебе – Сакам да сум блиску до тебе, за да можам да добијам секс кога ќе посакам.
  • Во целибат сум веќе неколку месеци – Никако не успевам да „легнам“ некоја.
  • Те сакам – Слатка си и многу си ми мила, убаво ми е со тебе и го добивам она што го сакам.

Не го сфаќајте ова премногу буквално, некогаш лагите се кажуваат за да ја направат реалноста послатка. Секој лаже и не е ништо страшно ако зад тоа „Те сакам“ стои и по некое скриено значење. Добро е сè додека знаеме да разликуваме мала лага од целосно блефирање.