Застрелана натпреварувачка на американски The Voice

Кристина Грими, пејачка која се натпреваруваше во американското шоу The Voice починала откако во критична состојба била пренесена во болница откако е застрелана по нејзиниот настап во Орландо, во сојузната држава Флорида, пренесува телевизијата CBS.

Image

Инцидентот се одиграл во концертната сала „Plaza Live“ каде што Кристина Грими настапувала заедно со групата Before You Exit. Медиумите сé уште официјално немаат потврда за смртта на пејачката.

Според прелиминарните информации од полицијата на Орландо, напаѓачот вооружен со два пиштола ѝ пришол на пејачката додека давала автограми и ја застрелал.

Неговиот идентитет засега не се открива, и непознато е дали ја познавал Грими. Соопштено е дека по нападот во кој се обидувал да го онеспособи братот на пејачка, тој извршил самоубиство.

Дваесет и двегодишната пејачка се појави во шестата сезона на The Voice во 2014 година кога го освои третото место.