Годината 2015 била најтоплaтa од почетокот на мерењата

Минатата 2015 година била далеку најтоплата откако кон крајот на XIX започнало мерењето на температурите на воздухот, надминувајќи го рекордот од претходната 2014 година, објави Американската агенција за океан и атмосфера.

Image

Просечната температура на копното и морето за целата 2015 година била 0,9 Целзиусови степени над просекот XX век, што е најмногу од почетокот на 1880 година. Претходниот рекорд е забележан за 0,16 степени.

Како кулминација во минатата рекордна година, утврдено е и дека декември бил најтоплиот во последните 136 години. Инаку, дваесетте месеци во 2015 година, десет ги надминале поединечните температурни рекорди. Воедно, ова беше и четврти пат од почетокот на векот да е надминат глобалниот температурен рекорд.

Најголемите температурни вредности досега се забележани речиси насекаде по светот, па така во Средна Америка, во северната половина на Јужна Америка, на северот, југот и истокот од Европа, како и на западот од Азија и во многу делови на Сибир.

Просечната температура на површината на копното била 2015 година, за 1,33 Целзиусови степени повеќе од просекот за XX век, или највисоката во периодот од 1880 до 2015 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 0,25 степени забележан во 2007 година.

Просечната температура на површната на светските мориња и океан била за 0,74 степени повеќе од просекот за минатиот век, надминувајќи рекорд од 0,11 степени во 2014 година.