Како што беше предвидено, капсулата Сојуз се спушти во 5:30 часот по средноевропско време во степите на Казахстан, а во неа освен Кели и Корниенко беше и рускиот космонаут Сергеј Воков, пренесува агенцијата AFP.

„Воздухот тука е толку добар. Се прашувам зошто сите сте толку наоблечени“, извика Скот Кели по излегувањето од капсулата.
Корниенко(55) и Кели(52) стигнаа на Меѓународната вселенска станица(МВС) на 27 март 2015 година и таму останаа речиси една година, што претставува најдолг непрекинат престој на МВС откако станицата во 2002 година беше оспособена за прифаќање на патници.
На МВС двајцата астронаути имаа редовни лекарски прегледи и редица тестови и анализи, за да се утврдат ефектите на долготрајна микрогравитација врз човечкиот организам.
Примероци од телесните течности им беа земени пред летот во вселената, потоа се земани редовно за време на мисијата, а ќе продолжат тоа да го прават и подолго од година по враќањето на Земјата.
Братот близнак на Кели, поранешниот астронаут Марк Кели, исто така на тлото учествуваше во истражувањето. Сите примероци и податоци кои редовни беа земани од двајцата браќа би требало да послужат како точна и полезна споредба на физиолошките ефекти на долготрајниот пат во вселената.
Безтежинската состојба има влијание врз мускулите и скелетот, бидејќи ја смалува мускулната маса и густината на коските, заради што астронаутите мораат редовно да вежбаат.
Сергеј Воков полета на МВС на 15 декември 2015 година и помина во орбитата 182 дена. Со мисијата, која штотуку заврши, Скот Кели собори два американски рекорда бидејќи оствари најдолг престој во вселената од 240 дена и вкупно 540 дена во орбитата.
Но, апсолутен рекордер на најдолг престој во вселената го држи рускиот космонаут Валериј Пољаков кој остана подолго од 14 месеци во низа, 437 дена на поранешната вселенска станица Мир во 1994 и 1995 година.
Рекордот на најдолг престој во орбитата исто така го држи рускиот космонаут Генадиј Падалка кој вкупно кружел околу Земјата 879 дена.
Шеснаесет земји, меѓу нив Европа, Јапонија и Канада, учествуваат во проектот МВС, вселенска лабораторија поставена во орбитата во 1998 година. Со големина на петособен стан, станицата вредна 100 милијарди долари која во најголем дел ја финансираа Русија и САД, е поставена 400 километри над Земјата.