Што кога ќе ви кажат: Преквалификувани сте!

Добивте повик за интервју, совршено се уклопувате во таа работа, но работите тргнуваат на лошо.

Young man have job interview.

На крајот на ветувачкиот разговор за работа слушате: „Хмм, преквалификувани сте за оваа позиција..“. Што значи тоа и како да се снајдете во таа ситуација.

Зад фразата „Преквалификувани сте“, најчесто се крие стравот на работодавачот дека набрзо ќе ја напуштите работната позиција и да му создадете повторни фрустрации при барањето нов вработен.

Секоја чест на дополнителната едукација, но рака на срце, работодавачот повеќе ќе го интересира конкретно искуство кое би можело да се користи во работата за која сте се пријавиле. Прилагодете ја биографијата, исфрлете го непотребното и почнете со она искуство кое е најважно.

Можете да кажете „Работев на повеќе позиции, но сега сакам токму ваква рбаота“ и објаснете зашто. Ако не ги исполнувате условите, мотивацијата и ентузијазмот се единствени кои можат да помогнат.

Ако навистина сте заинтересирани за работата, понудете се да потпишете договор на 12 месеци. Дури и ако тоа не се оствари, ќе го импресионирате работодавачот на позитивен начин.