Монт Еверест се топи

Глечерите на Монт Еверест се намалиле за 28 отсто во изминатите 40 години, покажало истражувањето што го спровеле кинеските научници.

Image57

Мерењата на највисоката планина на светот на границата меѓу Кина и Непал од 1970-те години биле споредувани со новите податоци кои ги собрале научниците од Кинеската академија на науките и универзитетот Хунан, пренесува агенцијата Ксинхуа.

Топењето на ледниците на највисоката точка на планетата, со 8.844 метри, довело до проширување на езерата и зголемување на водостоите на реките во подножјето на планината, изјавил научникот Канг Шичанг од државната лабораторија при академијата.

Ледничките езера кои во 1990-те години имале површина од околу 100 квадратни километри, сега се простираат на 114 квадратни километри, вели Канг, кој го водел тимот во теренските истражувања.