Можно е постоење на супер-Земји со субглацијални океани

Меѓународен тим истражувачи тврди дека во Вселената може да постојат ткн супер Земји, (егзопланети десет пати поголеми од Земјата), на кои има океани под површина од мраз, погодни за развој на некоја форма на живот, се наведува во написот објавен во списанието Icarus.

Image (4)
Експертите дошле до ваквиот заклучок врз основата на досега познатите податоци за изработка на обрасците. Меѓу познатите во овој момент екстрасоларни, или егзопланети, за најверојатни кандидати на кои би имало присуство на океани под мраз, научниците ги сметаат Kepler 62e и Kepler 62f.

Во рамките на Сончевиот систем, на симулацијата на параметрите одговара Ганимед, еден од сателитите на Јупитер.

Опонентите на авторите на ова истражување велат дека наодите не може да се сметаат за конечни, бидејќи во работата не биле користени сите засеа познати информации за екстрасоларните планети.

макфакс