Арамија заради грижа на совеста се пријавил во полиција по две години

Две години откако ограбил пекарница во германскиот град Итзехое, младиот арамија заради грижа на совеста се пријавил во полиција.

Image

Полициската портпаролка Мерле Неуфелд рече дека човекот сакал во новата година да влезе со добри намери и без дамки на совеста.

Тој ја ограбил пекарницата во февруари 2014 година, кога имал 18 години. Никогаш не бил уапсен, а парите ги потрошил за дрога.

На Божик грижата на совеста му станала преголем товар и одлучил да се пријави. Полицијата до тогаш не знаела дека тој е виновникот.

Така тоа момче во 2016 година ќе влезе со мирна совест и со обвинение за оружен грабеж.