По 95 години пронајден исчезнат реморкер на американската морнарица

Речиси еден век по таиннственото исчезнување на реморкерот „Conestoga“ и на неговиот 56-член екипаж, властите ги открија останките во океанот 50 километри од мостот од мостот Голден Гејт во Сан Франциско.

Image
„Благодарејќи модерната наука и соработката меѓу агенциите, судбината на ‘Conestoga’ повеќе не е тајна“, изјави американскиот помошник министер за поморство Денис МекГин.

Бродот на 25-ти март 1921 година испловил од Заливот Сан Франциско кон пристаништето Перл Харбор во Пацификот, кое тогаш бил дел од американската територии Хаваи.

Снежната бура со ветрови над 60 километри на час го зафатила бродот кој преку радиоврска известил друг брод дека се справува со бура. Тоа била воедно и последната порака од „Conestoga“. Коа во април таа година истекнал рокот за впловување на реморкерот на Хаваи, морнарицата преземала голема потрага, но безуспешна.

Дури во 2009 година, американската Национална управа за океани и атмосфера пронајде во близина на островите Фаралон во водите во Заливот Сан Франциско остатоци 57 метри под нивото на морето и претпостави дека станува збор за „Conestoga“ Требаше да се почека до октомври 2015 година, морнарицата да испрати археолози и офицери во мисија да ја потврдат претпоставката.

Видеоснимките покажуваат дека бродот главно е малку оштетен, освен дрвената палуба која се урнала во трупот. Нуркачите засеа не пронајдоа човечки останки. По речиси цел век под морето, остатоците се населени со риби и други морски животинчиња, и никој не го нарушува мирот во согласност со американскиот закон според кој потонатите воени пловила се сопственост на владата на САД./