Забрането производство на торти со ликови од цртани филмови во Хрватска

Производството и продажбата на торти со ликови од популарните цртани серии е забрането, во спротивно ќе следува тужба и казна од 13.000 до 39.000 евра. Вакво предупредување испратила една адвокатска канцеларија до сите слаткарници во Хрватска.

Image

 

Голем дел од слаткарниците во Хрватска по нарачка за детски родендени прават торти со ликовите на популарните Ана и Елза, Нинџа желка, Сунгер Боб, Пепа Прасе, но и со ликови од филмската франшиза Војна на ѕвездите.

 

Сепак, адвокатите ги предупредиле дека станува збор за кршење на авторски права бидејќи наведените ликови се заштитени.

 

Есклузивен партнер на носителот на лиценцата на Дизни во Хрватска е компанијата „Фан Кејк фектори“.

 

Директорот на оваа компанија, Томислав Љутиќ вели дека постојат стоги прописи и стандарди пропишани од Дизни.

 

„Условот е сѐ на тортата да биде според строго одредени мерки, од буквите во тексот до боите на ликовите“, вели Томиќ.

 

Хрватските слаткари се бесни и револтирани по добиеното предупредување.

 

„Згрозени сме од ваквата одлука која ја сметаме за невтемелена и неправедна. Станува збор за огромна загуба за сите нас. Казните се ужасни, а на купецот тешко може да му се објасни зошто повеќе не може да се направи таква торта. Односно, едно е да им се објасни на родителите, но како едно правно прашање да им се објасни на децата кои врескаат и сакаат токму Елза да биде на нивната роденденска торта“, вели Ана Марчелиќ од загребската слаткарница Фенси кејк.