НАСА: Сондата „Џуно“ влезе во орбитата на Јупитер

Screenshot1
Пасaдeна, 5 јули, 2016 – 12:20 (META) 

Сондата „Џуно“ на американската вселенска агенција НАСА влезе во орбитата на Јупитер и по пет години патување ќе го започне истражувањето на најголемата планета во Сончевиот систем.

Светските агенции пренесуваат дека серија на радио сигнали испратени од вселенското летало потврдиле дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што било планирано, што предизвикало огромна радост и аплауз во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

За да влезе во поларната орбита на Јупитер, сондата мораше да го запали својот главен мотор за да закочи, а гравитацијата на Јупитер да ја улови и да ја внесе во поларната орбита.

Бидејќи постои задоцнување на комуникацијата помеѓу Јупитер и Земјата, сондата беше ставена на автопилот кога се изврши овој маневар.