Французин на штица ќе го превеслува Атлантик

Французинот Николас Жаросеј, тргна во неделата од Преа на Зеленортските острови без придружба да го мине Атлантик, веслајќи на штица, соопштија организаторите на потфатот.

Image
Овој 38-годишник е првиот кој ќе се обиде да го мине Атлантскиот Океан на штица на којашто се весла стоејќи.

Николас Жаросеј е професионален пожарникар висок 190 сантиметри и тежок 90 килограми, а со оваа „дисциплина“ се занимава осум години. На патот од пристаништето Преа околу 16 часот по средноевропско време на патот долг 5.000 километри.

Пловилото кое не може да биде потопено е долго седум метри а широко е 83 сантиметри, има кабина за одмор долга 220 а висока 45 сантиметри, со една комора во задниот дел за опрема и храна.

Соларните плочи на врвот од кабината на пловилото треба да му обезбедат напојување со електрична енергија.

макфакс