Влакната од австралиска трева може да се користат за изработка на кондоми тенки колку човечки влакна, а кои би биле поиздржливи, објавија во средата тамошните научници.

Тим научници од универзитетот Квинсленд работел со локалните Абориџини на развој на методите за излачување на наноцелулоза од трева која може да се користи како додаток во производството на латекс.
„Можеме да изработиме посилна и потенка мембрана, која и натаму останува флексибилна. Со уште малку модификација, мислиме дека да производство 30 отсто потенок кондом, кој ќе ги мине сите тестирања“, вели професорот Дарен Мартин.
Новата формула покажала добри резултати на тестовите за издржливост мината година спроведени во САД. Новиот латекс со дебелина од 45 микрони, додека сегашната стандардна дебелина на кондомите е од 50 до 70 микрони.
Инаку австралиската трева, Абориџините одамна ја користат како лепило.