Салатите на McDonald’s се покалорични од хамбургерите

Канадските нутриционисти го урнаа „здравиот“ имиџ кој синџирот за брза храна „ McDonald’s“ сака да го прикаже користејќи се своите врапови и салати со полно зеленчук, пишуваат француските медиуми.

Image
Спротивно од очекувањата, двојниот Биг Мек има помалку калории и помалку маснотии од салатата Цезар. Според бројките на самата компанија, со 730 калории, 53 грама маснотии и 1,4 мг сол, салата Цезар е покалорична од хамбургерот кој има 680 калории.

Нутриционистите сметаат дека луѓето точно треба да знаат што јадат, а советуваат да се внимава на содржината на маснотиите и солта во храната, без разлика дали станува збор за бургер или за салата. Потсетуваат дека кога готвиме самите ја ограничуваме опасноста од измама на различните ресторани.