Хокинг: На човештвото му се закануваат опасности што самото ги создаде

На човештвото му се закануваат ризици од низа опасности коешто самото ги предизвика, предупредува причуениот англиски теоретски физичар и космолог Стивен Хокинг.

Image
Нуклеарната војна, глобалното загревање и генетските модифицирани вируси се меѓу заканите коишто посебно ги истакнува Хокинг. Вели дека напредокот на науките и технологијата ќе одведат до „нови начини поради коишто работите ќе тргнат во погрешна насока“.

Овие забелешки Хокинг ги искажа одговарајќи на прашањата на традиционалните предавање за истражувањето на црните дупки кои се пренесуваат на радиото на јавниот британски сервис BBC.

Професорот на славниот универзитет Оксфорд проценува дека човештвото може да се спаси доколку успее да основа колонии на другите планети.

„Иако можноста од голема катастрофа на Земјата во следните години е прилично мала, таа опасност расте од година в година и речиси сигурно ќе се случи за неколку илјади години“, предупредува Хокинг.

„Дотогаш би требало да се прошириме во космосот, на другите ѕвезди, за катастрофата на Земјата воедно да не претставува и крај на човечкиот вид. Сепак, самоодржливите колонии во Вселената нема да можеме да ги подигнеме во следните неколку стотини години, па дотогаш мораме да бидеме многу претпазливи“, додаде научникот.

Запрашан што би им советувал на младите научници, еден од најголемите светски научници рече дека тие би требало да ја задржат љубопитноста за „нашата голема и сложена Вселена“.

„Од моја перспектива, беше прекрасно да се живее и да се вршат истражувања во теоретската физика. Нема ништо подобро од тоа кога ќе откриеш нешто што никој пред тебе не го открил“, истакна Хокинг.

Предупреди и дека идните поколенија научници мора да бидат свесни колку научниот и технолошкиот напредок го менуваат светот, и да ѝ помогнат на јавноста подобро да ги разбере.

„Важно е да се осигури дека тие промени одат во вистинската насока. Во демократско општество тоа значи дека секој треба да има основно разбирање за науката, за да може да донесе информирани одлуки за иднината“, порача Хокинг.