Затворен меѓународниот аеродром во Абу Даби заради обилен дожд

Меѓународниот аеродром во Абу Даби е затворен во среда заради обилни врнежи од дожд, јави агенцијата AP повикувајќи се на соопштение на компанијата Етихад.

Image
Компанијата Етихад на својот Твитер профил соопшти дека меѓународниот аеродром Абу Даби е затворен заради тешките временски услови, што доведе и до доцнење на некои летови.

Весникот Нашонал јави дека се затворени и училиштата во Абу Даби заради пороен дожд и додаде дека училиштата во Дубаи денеска ќе бидат затворени.

Националниот метеоролошки и сеизмолошки центар на Емиратите предупреди на обилни врнежи, што во оваа пустинска земја ретко се случува.