Издадени налози за апсење на 42 новинари во Турција

Анкара, 25 јули, 2016 – 10:33 (META) 
turcija-tepanje-puc-860x680

Турските власти издале налози за апсење на 42 новинари, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации на турската приватна телевизија НТВ.

Според информациите, станува збор за последен случај на апсења по неуспешниот обид за државен удар во земјата пред десет дена.

На листата на новинари за кои се издадени налози за апсење, според НТВ, се наоѓа и името на познатата коментаторка и поранешна пратеничка во турскиот парламент, Назли Илиџак.

Турските власти досега уапсија и ставија под истрага повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, наставници, државни службеници и други лица, во деновите по обидот за државен удар на 15 јули.