Инфантино: На Мундијалите ќе играат по 40 земји од 2026 година

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека од 2026 година на светските првенства ќе се зголеми бројот на учесниците од 32 на 40. Првиот човек на ФИФА, ја предложи оваа идеја уште пред да биде поставен на функција во февруари годинава. Од осумте нови места, според најавите две сигурно ќе бидат за Африка.

Infantino

„Мојот предлог е на светските шампионати да учествуваат 40 репрезентации и најмалку две дополнителни места да добијат репрезентациите од Африка“ – вели Инфантино во изјавата за Би-би-си.

Сегашниот формат со 32 селекции ќе биде на следните два Мундијали, на СП 2018 во Русија и на СП 2022 во Катар.

Проширувањето на последното Европско првенство, од 16 на 24 земји учеснички, беше остро критикувано бидејќи според многумина донесе пад на квалитетот на натпреварите, но очигледно тоа воопшто нема да влијае врз Инфантино, кој ќе го исполни своето предизборно ветување.

превземено од ekipa.mk