Ирците потекнуваат од Блискиот исток

Анализата на генетскиот материјал на четири тела во Ирска од каменото и од бронзеното време откриваат дека ирското население изворно пристигнало од Блискиот исток, а во вториот бран од источна Европа, се наведува во студијата објавена во американското научно списание Proceedings of the National Academy of Sciences.

Image

Група научници од Тринити колеџот во Даблин и од Кралскиот универзитет во Белфаст анализирале ДНК на жена закопана пред 5.000 години во близина на Белфаст и на тројца мажи погребани пред три до четири илјади години на островот Ратлин покрај северниот ирски брег.

Се покажало дека одредени генетски маркери се заеднички за овие луѓе од каменото и од бронзеното доба, за современата ирска популација и за населението од Блискиот исток и од источна Европа.

Резултатите од истражувањето сугерираат дека се случил бран миграција од областите на плодната полумесечина на библиските земји чии учесници се населиле и измешале со локалното население на островот. Се претпоставува дека со себе го донеле земјоделското орудие и керамиката, но и црната коса и кафените очи.

„Жената од неолитот има геном кој е доминантен на Блискиот исток. Имала извесно ловечки и собирачки искуство, но припаѓала на поголема група што сугерира значаен прилив на раните земјоделци на островот“, се наведува во истражувањето.

Потоа во бронзената ера се случил другиот бран на миграција од областа на Понтско-касписката степа, низината којашто се протега од Молдавија до Казахстан, кога со семе донела крвно пореметување, генетска хемохроматоза која во Ирска е многу вообичаена и се нарекува келтска болест. Нивниот придонес бил и рударското орудие и сините очи.

Научници сугерираат дека нивниот индоевропски јазик станал основата за ирскиот и за келтскиот јазик. „Тие сознанија заедно сугерираат создавање на клучните состојки на ирскиот геном пред 4.000 година“, сметаат научниците.