Испратен предметот за Талески, Апелација ќе одлучува за притворот

Основниот суд Скопје 1 во среда конечно го пратил предметот „Транспортер“ до Апелациониот суд, којшто треба да одлучува по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е провоосомничен во овој случај, потврдуваат од Судот за Макфакс.
Image (8)

Од Апелациониот суд ни изјавија дека предметот до овој момент не е стигнат, но дека имаат информации дека во текот на денот треба да биде доставен.

Според информациите од таму, предметот ќе биде испратен до Специјалното јавно обвинителство кое треба да се изјасни за жалбата на одбраната, а потоа да се одлучува, но не прецизираат до кога треба да се изјасни судот.

Талески од понеделникот е во куќен притвор, иако решението за притвор беше донесено уште од четвртокот. Решението од Скопје до СВР Битола стигна дури во понеделникот, а потоа два дена требаше за да стигне до Судот со потпис од градоначалникот дека го примил.

Градоначалникот на Битола е еден од осомничените за случајот „Транспоретер“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство и се товари за малверзации со превозот на учениците.

СЈО бараше притвор за Талески но судија му одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасшот, но Кривичниот совет на судот ја преиначи одлуката и му определи куќен притвор во траење од 30 дена.