Официјално осум повредени во пожарот во Драчево

Осум лица се повредени во пожарот што избувна во куќа попладнево на улица „Илија Ристевски“ во скопското село Драчево,  соопштуваат од МВР.

Image

Пожарот избувнал при две експлозии при монтирање на грејно тело со плинска боца. На лице место се противпожарни екипи и екипи на Итната медицинска помош како и увидна екипа на СВР Скопје.

Шестмина од повредените се пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а двајца се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.