Норвешките доктори сакаат да ја забранат продажбата на цигари

Норвешката медицинска асоцијација сака непушачко општество до 2035 година и затоа предлага забрана за продажба на продукти од тутун на секој кој е роден по 2000 година, како прв чекор.

cigari_norveshka

Претседателот на Асоцијацијата, Марит Хермансен за Aftenposten вели дека не е основно човеково право да се употребува тутун.

„Имаме долгорочна политика да го напуштаме пушењето до 2035 година. Ова е мерка за да се постигне целта. Сакаме непушачка генерација“, вели Хермансен.

„Не треба да биде забрането да се пуши, туку ние сакаме младите да не почнуваат да пушат“, вели таа.

Таа верува дека тоа е возможно ако се прифатат предлозите на Асоцијацијата.

„Министерот за здравство вели дека е главен приоритет да се држат младите настрана од цигарите. Ова подразбира дека додека новите генерации не наполнат одредени години, не може да купат цигари во Норвешка“, вели таа.

Покрај ентузијазмот на Асоцијацијата, од Aftenposten разговарале со портпаролите на сите политички партии во парламентот, кои велат дека ваков предлог е моментално неодржлив.