Пукање во кипарско летувалиште, четворица убиени

Четири лица се убиени а уште две се ранети во пукање во летивалиштето Аја Напа на Кипар, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на локалната полиција.

Image (2)
Националното радио јави за четворица убиени, меѓу кои и познат локален бизнисмен Панос Калопсидиотис. Бизнисменот во време на нападот бил придржуван од најмалку еден телохранител.

Полицијата ја отфрла можноста дека станува збор за терористички напад. Според неа, се случила престрелка, најверојатно меѓу членови на локалните криминални групи. Националноста на жртвите не е соопштена.

Порталот CyprusMail, исто така, наведува дека четири лица се убиени во четвртокот ноќта во престрелка во ресторан во Аја Напа. Во извештајот се наведува дека извештаите од полицијата се оскудни, а само е познато дека уште две лица се ранети, кои се пренесени во болница, но не е позната нивната состојба.

Полициски извор на порталот рекол дека една од жртвите можеби е напаѓачот кој ја иницирал престрелката. Според очевидци, наводно еден маж му се приближил на бизнисменот извадил пиштол и почнал да стрела, а телохранителите возвратиле убивајќи го напаѓачот.

Сведоци, исто така, рекле дека една од жртвите била жена, којашто случајно се нашла во близина на месото на пресметката. Подоцна се покажало дека таа е сопруга на полицаец, но не е јасно дали тој и во придружба на бизнисменот. Други извори велат дека двојката била во друштво на бизнисменот и оти се убиени пред нивните две малолетни деца. Но во извештаите се истакнува дека овие информации засега не можат да се проверат.

Медиумите на Кипар истакнуваат дека оваа престрелка се случува токму на годишнината откако на 23-ти јуни 2012 година пет мажи, тројца кипарски Грци и двајца Романци, биле застрелани во една уличка со посетени ноќни клубови во Аја Напа. Во врска со ова повеќекратно убиство двајца Грци се осудени на по пет доживотни затворски казни.

Четири од жртвите работеле во локалите токму на бизнисменот Калопсидиотис за кој полицијата и тогаш и сега верува дека бил главната цел на нападите.

Засега не е потврдено дека тој е меѓу четирите жртви во нападот од четвртокот ноќта. Неговиот татко, Јоанис Теофанус, алијас Калопсидиотис, бил убиен во јуни 2014 година пред прагот на неговиот дом во местото Паралимни.

макфакс