Истражување: Февруари е најлош месец за спиење

Поспаностa и уморoт се типични симптоми кои околу третина од луѓето ги чувствуваат во февруари, а раното легнување нема да ги спречи, покажа студијата на британскиот Центар за сон спроведена на 21.000 луѓе.

insomnia

 

Вториот месец во годината и официјално е прогласен за најлошиот месец за спиење и потребни ни се дополнителни 8 минути во просек за да заспиеме, па вкупно поминуваме околу 10 минути повеќе будни во текот на денот отколку во другите месеци во годината.

Поради тоа 68% од луѓето во февруари имаат помалку енергија и 28% се депресивни, а жените се особено погодени од недостатокот на сон.

Научниците тврдат дека за лошиот квалитет на сонот одговорна е комбинација од фактори, на прво место – долгите и ладни денови, потоа недостатокот на свеж воздух во загреаните простории и недостатокот на активност.

Среќа февруари е и најкраткиот месец во годината. :)