ИС со видео со напаѓачите од Париз и се заканува на Велика Британија

Исламската држава објави видео во неделата, во кое се прикажани сите девет напаѓачи, кои во ноември извршија напади во Париз и убија 130 луѓе, а видеото содржи закана за Велика Британија.

Image

Видеото е поставено на џихадистичката веб страна насловена како „Kill wherever you find them” (Убиј ги каде и да ги најдеш), а во него се прикажани четворицата Белгијци, тројцата француски државјани и двајца Ирачани, напаѓачи од Париз. Во видеото џихадистите се обраќаат на француски и на арапски јазик, и велат „пораката е адресирана до сите земји кои соучествуваат во коалицијата (водена од САД)“ кои се борат против ИС во Сирија и во Ирак од септември 2014 година.

Прикажани се и фотографии на британскиот премиер Дејвид Камерон, заедно со зборовите на англиски: „Whoever stands in the ranks of kufr (unbelievers) will be a target for our swords.”, „Кој и да стои на страната на неверниците ќе биде мета на нашите мечеви“.

Видеото, произведено од ИС  Al-Hayat Media Centre на ИС, ги опишува деветте џихадисти како лавови кои ја паднале Франција на колена.

Снимката покажува слики од координираните напaди на Париз, како и безбедносните мерки на француските специјални сили за време на нападот, но и џихадистите како обезглавуваат и убиваат луѓе опишани како заложници.

Не е јасно зошто видеото е објавено два месеца по нападите на 13 ноември во Париз.

Седуммина од напаѓачите загинаа за време на нападите, а двајца им побегнаа на полицајците, иако точната бројка на оние кои учествувале останува непозната.
Меѓу оние кои се прикажани во видеото е и Абделхамид Абауд, познат и како Абу Умар ал-Баљики, или Абу Умар Белгиецот.

Абауд, кој беше познат на полицијата дека се борел на страната на ИС во Сирија, беше убиен од полицијата неколку дена по нападите во Париз, при претрес на еден стан.Во реакција на видеото, претседателот на Франција, Франсоа Оланд вели: „Ништо нема да нè одврати, ни закана нема да ја поколеба Франција во борбата против тероризмот“. Оланд рече дека нападите во Париз биле планирани во Сирија, но подготвувани и организирани во Белгија.

Белгиската полиција формално има осудено 11 во случајот, повеќето жители на проблематичната населба Моленбек во Брисел.

Четворица остануваа недостапни за полицијата меѓу кои и Салах Абдеслам кој ги довезол напаѓачите до стадионот во Париз, а потоа излегол од земјата со автомобил, како и Мохамед Абрини, кој наводно им помагал на напаѓачите и двајцата се од Моленбек.